Кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски, доминантно во неговата кампања беше посетата од куќа на куќа со што, како што рече, на овој начин ја придобил наклоноста на поголемиот дел неопределени граѓани.
-Покрај неколкуте собири и обраќања на жителите на Кичево и општината, во изминатооот период во најголем дел мојата кампања беше збогатена со редовна обиколка од куќа на куќа. При овие посети граѓаните беа најпријатно изненадени што кандидатот за градоначалник ги посетил во нивниот дом.Тие во најголем дел поставуваа прашања од комуналната сфера. Речиси без исклучок сите беа гостопримливи и само во еден или два изолирани случаи ми посочија дека ја преферираат другата партија, што од моја страна беше прифатено. На овој начин блискоста со граѓаните се зголемува, како и довербата што ја стекнав со мојата посета, истакна Јовановски.
Со 8801 глас во првиот изборен круг тој стекна предност пред противкандидатот – актуелниот градоначалник на Кичево во претходните два мандата, Фатмир Дехари.
Јовановски повторно апелираше до граѓаните на општина Кичево да излезат во вториот круг и да го искористат своето демократско право на глас за избор на идниот градоначалник.