Битола мора и ќе стане подобро место за живеење, а тоа ќе го овозможи докторот Тони Коњановски, порача Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва од завршниот митинг во овој град.
- Треба да се бориме заеднички да ја градиме нашата иднина. Треба да се бориме секој еден млад човек да го задржиме тука. Тоа е нашата иднина. 30 години Република Македонија се врти во круг од исти корумпирани политички елити кои што служат на исти криминалци кои го грабаат народот. И затоа изборот во Битола е исклучително лесен. На едната страна имаме транзициски бандит од СДСМ додека на другата страна имаме чесен, посветен човек и вистински професионалец а тоа е докторот Коњановски, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски од Битола.