Сѐ додека прашањето за шверцот не се разгледа на соодветен начин, мали се шансите земјите од Европската унија да бидат поотворени за нови членки, пишува белгискиот портал Businessam.be.

Во текстот на белгискиот портал се оценува дека една од причините поради која е забавен пристапот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија е тоа што тие земји се центар на шверц и секакви видови валкани бизниси.

Порталот потсетува на изјавата на поранешниот министер за финансии на Белгија, Јохан ван Овертвелт, сега пратеник во Европскиот парламент, кој како одговор на темата за проширувањето на ЕУ, која беше во фокусот на словенечкото претседателство, ја истакна улогата на земјите од Западен Балкан во трговијата со дрога.

– НЕ САМО ВО ПРОИЗВОДИТЕ, ТУКУ И ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СУРОВИНИ, КАКО НА ПРИМЕР КОЛУМБИЈА И АВГАНИСТАН, ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СИНТЕТИЧКИ ДРОГИ. МАЛКУ Е ПОЗНАТО, ПА ЌЕ РАЗГЛЕДАМЕ ПОДЕТАЛНО, РЕЧЕ ВАН ОВЕРТВЕЛД.

Порталот Businessam.be потсетува и на неодамнешниот текст во „Њујорк тајмс“ во кој подетално се зборува за проблемот со шверцот со тутун, истакнувајќи дека „во Црна Гора биле убиени истражувачи и новинари кога се обиделе да ги разоткријат шверцерите“.

„Сега земјата се пресметува со трговските текови што некогаш ги штитеше“, пишува Њујорк Тајмс.

Американскиот весник забележува и дека илегалната трговија со цигари „била важна индустрија за Црна Гора, со скриен благослов на САД уште од балканските војни во 1990-тите“.

Порталот Businessam.be наведува дека Владата на Црна Гора во јули забранила складирање на цигари во слободната зона на пристаништето Бар, пренесува РТЦГ.

„ОВА СЛЕДЕШЕ КАКО ОДГОВОР НА КРИТИЧКИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ЕУ ВО КОЈ 1,7 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ЗАПЛЕНЕТИ ОД ВЛАДАТА ВО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА БЕА ОЦЕНЕТИ КАКО НЕСООДВЕТНИ“, ПИШУВА БЕЛГИСКИОТ МЕДИУМ.

Глобалната нелегална трговија со тутун се проценува на 40-50 милијарди долари годишно, според Светската банка и е во пораст.

Понатаму, Businessam.be пишува дека пандемијата доведе до зголемување на нелегалната трговија со цигари, што доведе до зголемување на бројот на пушачи кои се префрлаат на поевтини тутунски производи, кои не се оданочуваат.

„ПОКРАЈ ТОА, ОДДЕЛНИ ПОВИСОКИ ДАНОЦИ ГО НАПРАВИЈА ШВЕРЦОТ УШТЕ ПОАТРАКТИВЕН. И ШВЕРЦОТ И ПОВИСОКИТЕ ДАНОЦИ ГО СТИМУЛИРААТ НЕЛЕГАЛНИОТ ПАЗАР. СЕ ПРОЦЕНУВА ДЕКА ИЛЕГАЛНАТА ТРГОВИЈА РАСТЕ ВО ПРОСЕК ЗА СЕДУМ ОТСТО КОГА ЦИГАРИТЕ ПОСКАПУВААТ ЗА 10 ОТСТО ВО ОДНОС НА ПРИХОД“, НАВЕДУВА БЕЛГИСКИОТ ПОРТАЛ.

„Овој вид криминални активности не само што ја нарушува легалната економија, туку претставува закана за јавното здравје бидејќи нелегалните производи немаат соодветна контрола на квалитетот. Се додека таквите прашања не се решат правилно, мали се шансите земјите-членки на ЕУ да бидат поотворени за проширувањето. Меѓутоа, исто така, покажува дека проблемите во регионот влијаат и на ЕУ. Затоа е важно ЕУ да најде алтернативи за стабилизирање на регионот, дури и ако членството во ЕУ не е реално“, се заклучува во написот на Businessam.be.