Во Бугарија се регистрирани 5.256 новозаразени со коронавирус од направени 53.300 тестови. Од нив 87 отсто се невакцинирани, покажуваат податоците на Единствениот информативен портал.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бројот на починати кај кои е потврден Ковид-19 во Бугарија од почетокот на пандемијата е 23.872, а за последниот ден е 154. Притоа, 92,21 отсто од починатите не се вакцинирани.

Вкупниот број на излекувани е 477.530, а во последните 24 часа се регистрирани 1.581 од нив. Вкупниот број на пациенти со докажан Ковид-19 во болниците е 7.680, од ​​кои 676 се на одделенија за интензивна нега или клиники. Има 939 нови приеми во болница, од кои нешто повеќе од 88 отсто не се вакцинирани.

Досега во Бугарија се аплицирани вкупно 2.827.489 дози вакцини против коронавирус, од кои 23.164 се примени во последните 24 часа. Вкупниот број на лица со завршена вакцинација во Бугарија е 1.503.885.