Откако беа фатени во поткуп, залудни се обидите на СДСМ да креираат впечаток дека тоа го правеле ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, излудени од сигурниот пораз утре, СДСМ во Ѓорче Петров вршеле поткуп преку пензиониран полицаец, кој пред пензионирањето бил лично унапреден од Славјанка Петровска и Оливер Спасовски. Неговиот син е близок до Спасовски и СДСМ и активен во полициско-партиската служба.
Овој човек, кој е уапсен и бил унапреден токму од Славјанка и Оливер е човекот кој денес вршел поткуп во Ѓорче Петров по насока на Шилегов и Спасовски.
На лагата и се кратки нозете, а на Шилегов уште пократок мандатот.
Петре Шилегов и СДСМ утре одат во историја и нема да им пројдат провидните обиди за дефокусирање од сигурниот пораз.