Македонија е предупредена и не се знае до кога ќе не толерираат државите од каде што, буквало недозволено повлекуваме големо количество струја.
Експертите се чудат како државата не го вклучува алармот кога е јасно дека за да немаме рестрикции Владата мора ургентно да преземе мерки.
Струјата е многу поскапена, па и повеќе од 20%. Таа сега, од старт, е зголемена за 5 до 10 пати. Ако не се најде начин како да се спасиме, тоа ќе биде и за 10 пати поскапа електрична енергија. Верувам дека ќе се најде начин, верувам дека за граѓаните ќе има електрична енергија, но ако не се намалат даноците на 0, и ако компаниите немаат електрична енергија – нема кој плати да дава, значи буџетот нема да се зголеми ако фирмите не функционираат, затоа мора да се преземат ургентни мерки, анализира за Алфа енергетскиот експерт, Ѓорѓи Манасков.
Ако не се намалат даноците, се ќе падне на грбот на народот, кој и онака едвај крпи крај со крај.
Инаку, за зголемување на домашното произвдоство „ЕСМ“ увезува јаглен и за ТЕЦ „Осломеј“ но и за третиот блок од РЕК „Битола“, а веќе од следната недела ќе има и јавен повик за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“.