На 1 ноември Бугарија го слави Денот на народните просветители. Како што јави дописникот на МИА од Софија, празникот е посветен на делата на писателите, просветителите и борците за народно ослободување, кои низ вековите ги зачувале духовните вредности на нацијата и неговиот морал.
1 ноември во Бугарија е празник за сите ученици, наставници, студенти, универзитетски професори, писатели, работници во општинските центри, научници и новинари.
На Денот на народните просветители се почитува делото на сите просветители, преродбеници и борци за духовна независност на Бугарија. Поради пандемијата, денеска свечените манифестации и иницијативи во Бугарија ќе бидат кратки, а во најголем број случаи на отворено, со почитување на антиепидемиските мерки. Во Софија ќе се одржи традиционалната церемонија на подигање на државното знаме на Бугарија пред зградата на Претседателството.