Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи полугодишна расправа за ситуацијата во БиХ, а на седницата треба да биде разгледан и последниот извештај на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ (ОХР).
Советот за безбедност на ОН треба да гласа и за продолжување на воената мисија на ЕУ во БиХ, Алтеа, чиј мандат истекува на 5 ноември.
Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик вчера изјави дека извештајот на високиот претставник Кристијан Шмит за ситуацијата во БиХ нема да биде усвоен во Советот за безбедност на ОН и оцени дека станува збор за пропаганден памфлет напишан во корист на муслиманите, полн со измислици, обвинувања и нејаснотии, пренесува Еуроњуз.
Што се однесува до мисијата Алтеа во БиХ, Додик претходно рече дека тој и српскиот претседател Александар Вучиќ го делат ставот дека нејзиниот мандат треба да биде продолжен.