Водостојот на реките денеска е зголемен во однос на вчерашните мерења.
Најголемо зголемување има Вардар кај Јегуновце каде денеска се измерени 56 сантиметри во во однос на вчера кога нивото било само 10 сантиметри.
За 10 санитиметри е зголемен водостојот на Вардар кај Велес, а за четири сантиметри кај Демир Капија и кај Скопје.
Кај езерата, водостојот на Преспанското Езеро е осум сантиметри под апсолутниот минимум, а Охридското Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум.