Францускиот амбасадор во Австралија Жан-Пјер Тебо денеска оцени дека Австралија со измама ненадејно го откажала договорот вреден повеќе милијарди долари со Париз за купување на флота на подморници.
– Измамата била намерна. Имајќи предвид дека тоа беше многу повеќе од набавка на подморници, бидејќи тоа беше заеднички договор за суверенитет, по што следеше пренос на многу доверливи податоци. Начинот на кој Австралија го направи тоа беше нож во грбот на Франција, нагласи Тебо на денешната прес-конференција во Канбера.
Австралија го откажа договорот со француската Навал групација во септември, одлучувајќи да изгради најмалку 12 подморници на нуклеарен погон во договор со САД и Велика Британија.
Новата воена алијанса, наречена AUKUS, е дизајнирана за првпат да и овозможи на Австралија пристап до подморници со нуклеарен погон.