Франција сака природниот гас да биде вклучен во листата на инвестиции на Европската унија што придонесуваат за одржливиот развој, јавија француски медиуми цитирајќи документ во кој имале увид.

Според нив, тоа може да предизвика сериозно незадоволство кај невладините еколошки организации. Франција вели дека сака гасот да се додаде на листата на енергетски извори „погодни за климата”

Документот е испратен од Франција до Европската комисија. Според извор од Брисел, иницијативата е поддржана од најмалку седум други земји од ЕУ – Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словенија и Словачка.

Европската комисија до крајот на оваа година треба да биде подготвена со конечната листа на „зелени” инвестиции. Вклучувањето на еден сектор би му го отворило патот кон „зелено” финансирање и на тој начин би му обезбедила конкурентска предност.

Списокот што треба да го подготви Европската комисија може да биде отфрлен од Европскиот парламент или од земјите-членки со мнозинство. Ова би можело да поттикне формирање синдикати за поддршка на нуклеарната енергија и природниот гас, јавија француски медиуми.

Во средината на минатиот месец група од 10 земји од ЕУ, повторно предводени од Франција, излегоа во поддршка на нуклеарните централи. Сепак, некои земји, како Германија, Австрија и Луксембург, се изјаснија против нуклеарната енергија.