Наградата „8-ми Ноември” што ја доделува Општина Неготино годинава ја добива Територијалната противпожарна единица во градот, одлучи Советот на Општината.

-Наградата се доделува за особени заслуги за заштита на цивилното население во огромните пожари кои ја зафатија Република Северна Македонија во месеците јули и август, стои во образложението информираат од неготинската локална самоуправа.

Добитници на општински признанија се и Габриела Зафирова од областа на спортот, Горан Трајков за култура, Блаже Лазов за образование, Стојче Наков од областа на науката и Иле Ѓорѓиев за рекреативен спорт.

Посебно признание добива Јавната здравствена установа „Здравствен дом” Неготино, за справување со корона кризата во општината.

Наградата и признанијата за придонес во развојот и афирмацијата на општината, ќе бидат доделени на 8 ноември, празникот на Неготино