Новата локална самоуправа на Општина Новаци почна со реализација на програмата за чиста и здрава еколошка средина во чиј фокус се дивите депонии.

Според градоначалникот Стевче Стевановски, расчистување на депонираниот смет и градежен шут кој на диво се одлага може да предизвика повеќе проблеми, и затоа веднаш се решаваат.

-Екипа од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци со градежна механизација врши отстранување на одложениот смет и градежен шут кој во огромни количини постои на дивата депонија во Новаци. Изминатите денови мапиравме вакви депонии на седум локации, и на истите ќе се интервенира во следниот период со цел да ја направиме општина Новаци чиста и здрава средина со нулта толеранција за диви депонии, истакна Стевановски.

Од Општина Новаци најавија дека во наредниот период работата на комуналното претпријатие ќе се интензивира и ќе се чисти вегетацијата по коловозите, речните корита и одводните канали како и одржување на хигиената на јавните површини во општината.