Ирскиот министер за домување Дараг О’Брајан сака да го ограничи растот на станарините на два отсто годишно.

Наемите и цените на куќите во Даблин во изминатите десет години речиси двојно се зголемија, а сега цените на становите надвор од главниот град растат побрзо, па многу работници не можат да купат, па дури и да изнајмат стан.

Во Ирска според Законот од 2016 година наемнините можат да се зголемат максимум четири отсто годишно. За да го спречи растот на наемнините, Владата го замени лимит со стапката на раст со т индекс на потрошувачки цени (ХИЦП). Одредбата стапи во сила во јули кога инфлацијата во Ирска беше нешто повеќе од два отсто, а во октомври инфлацијата на ХИЦП достигна 5,1 отсто во Ирска, според прелиминарните проценки на Евростат.

В четврток ќе презентирам друг закон, со кој ќе се постави апсолутна горна граница на закупнини врз основа на Индексот на потрошувачки цени или на два отсто, во зависност кој ќе биде помал, истакна О’Брајан.

Новиот предлог-закон ќе биде финализиран пред крајот на годината.