Кандидатот на левицата и еден од фаворите на претседателските избори во Чиле, Габриел Бориц е позитивен ан Ковид-19 и ќе биде во самоизолација, на помалку од три недели пред претседателските избори.

Поранешниот студентски лидер Бориц (35) на Твитер објави дека е заразен со коронавирус и ги повика лицата со кои бил во контакт да ги следат ковид протоколите.

Според анкетите Борис е на втор место зад ултраконзервативниот кандидат Жозе Антониј Каста. Но, според испитувањата на јавното мислење Бориц има предност во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат во декември.