Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи Лукас Јасина изјави дека во понеделникот неидентификувани вооружени лица од Белорусија преминале на територијата на Полска.

Тој додаде дека поради е повикан на разговор вршителот на должност амбасадор на Белорусија, Александар Чесновски поради „намерна ескалација“ на мигрантската криза на полско-белоруската граница.

Јасина посочи дека Белорусија треба да го објасни “неприфатливиот инцидент“

Европска Унија и Полска тврдат дека бранот мигранти е организиран од Белорусија како форма на хибридна војна со цел да се изврши притисок врз ЕУ поради санкциите воведени кон Минск. Белорусија негира каква било вмешаност.