Излегоа од печат книгите „Броеви до 10-пиши бриши“ и „Графомоторика“, наменети за децата со потешкотии во читањето и пишувањето. Книгите, чиј автор е делчевскиот логопед Сања Стојковски од денеска можат да се изнајмат во библиотеката во Делчево.

-Многу пати до сега дечињата сакале да ги изнајмат боенките кои ги имаме, но тие не се изнесуваат надвор од библиотека, а еве веќе од денеска овие две книги ќе можат да ги изнајмат и да пишуваат во нив, истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Книгите, како што додаде, се наменети во нив да може да се пишува, да се греши, да се избрише и да се научи.

-Дечињата веќе можат да ги изнајмат книгите, да пишуваат во нив, страниците се пластифицирани, па кога завршат, со влажно марамче се брише се, и потоа ја враќаат книгата во библиотеката, додаде Петровска.

Авторката Сања Стојковски како самата истакна ќе продолжи да твори и создава, а од Јавната локална библиотека ,,Илинден” најавија дека и во иднина ќе ги поддржат поддржат сите нејзини творечки активности.