Газпром не е заинтересиран за ултрависоки или ниски цени и не е одговорен за високите цени на гасот во Европа, изјави генералната директорка на Газпром експорт, Елена Бурмистрова на Конференцијата за пазарот за гас Флејм (Flame), што се одржува од 2 ноември до денеска во Амстердам.
Таа додаде дека Газпром е изложен на „шпекулации и лажни извештаи“ за постапките на пазарот на гас и вмешаноста во зголемување на цената. Според Бурмистрова гласините не потекнуваат од деловните партнери и клиенти, туку од „оние кои во најдобар случај не се поврзани со гасната индустрија“.
Бурмистрова наведе Газпром годинава го намали производство на гас.
– Ние не сме заинтересирани за рекордно ниски или рекордно високи цени на гасот. Последново води до колапс на побарувачката во Европа, што е спротивно на нашите интереси како производители и добавувачи. Ние сакаме избалансиран и предвидлив пазар на кој ние и нашите клиенти ќе можеме успешно го развиваме нашиот бизнис. Долгорочните договори дават предвидливост и штитат од нестабилноста на цената, посочи Бурмистрова.