Командниот брод на американската VI-та флота денеска влезе во Црното Море како дел од подготовката на вежбите на НАТО во таа област и во Медитеранот. Меѓутоа, маневрите на бродот будно се следени од руската морнарица.

„Силите во Црното Море почнаа да ги контролираат потезите на командниот брод „Маунт Витни“, што денеска влезе во водите на Црното Море“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

За потсетување, официјална Москва вчера најостро го осуди влегувањето на бродови на американската морнарица и вежби на НАТО кои ќе се одржат во оваа област, во близина на руските територијални води, како и во Средоземното Море.

За тоа неодамна зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин.

-Како што знаете, американскиот воен брод сега влезе во Црното Море. Тоа може јасно да се види преку двоглед или преку нишан на соодветен одбранбен систем, рече Путин, цитиран од Тасс.

Освен тоа, американскиот разурнувач „Портер“, вооружен со крстосувачки ракетим пред два дена вплови во Црното Море, но не се знае дали неговото испраќање во регионот е поврзано со најавената вежба, пренесуваат руските меидуми.