Во основните училишта во Општина Куманово набавени се 82 интерактивни (смарт) табли, помошно-технички помагала и опрема за спортски сали, информираа денеска од општината Претходно беа опремени средните општински училишта.
Претходно, општина Куманово во мај набави 90 интерактивни табли и нагледни средства. Тогаш, општината на јавна набавка одвои над осум милиони 140.000 денари за таблите кои беа распределени за средните стручни училишта „Перо Наков“, „Наце Буѓони“ и гимназијата „Гоце Делчев“.
Во изминатите 4 години реализирани се над 160 проекти за подобрување на условите во училиштата во Куманово.