Пет од вкупно седум претседателски кандидати во Чиле мора да се изолираат седум дена откако еден кандидатот на левицата Габриел Бориц потврди дека е позитивен на Ковид-19.

Според чилеанските прописи лицето кое било во контакт со заразен треба да биде изолиран најмалку седум дена, без оглед на резултатите од тестот.

Претседателските избори ќе се одржат на 21 ноември, а втор круг ќе има доколку ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите.

Според анкетите најголеми фаворити се Бориц и кандидатот на ултрадесницата Хозе Антонио Каст, кои најверојатно ќе одат во втор круг.