До средината на идниот месец во ЈЗУ „Општа болница Струмица" треба да биде поставен апарат за магнетна резонанца и за таа намена веќе се адаптира просторот со сите инфрастурктурни зафати.
Како што информираат од болницата на едукација се испратени двајца радиолошки технолози специјализрани во таа област со претставници на компанијата „Филипс".
Едукацијата ќе се одвива во неколку етапи и во поголемите здравствени центри во државата кои веќе користат магнетна резонанца.