Во беровското село Смојмирово заврши реконструкцијата на улицата „Маршал Тито” која ги поврзува жителите со регионалниот патен правец Берово – Делчево. Финалните работи од реконструкцијата на оваа улица, како што информираа од Општината, се реализираа во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2021 година.

-Реконструкцијата заврши со поставување нов асфалт и истата се реализираше во должина од 593 метри, при што извршено е проширување на коловозот на улицата, која воедно е главна артерија на селото и се спојува со регионалниот пат, информираа од Општината.