На вакциналниот пункт во ЈЗУ Здравствен дом во Велес најголем интерес велешани покажуваат за вакцинирање против Ковид-19 со трета доза со „Фајзер". Дневно се вакцинираат од 200 до 250 односно од 250 до 300 граѓани.

Со трета доза се вакцинира веќе трета недела и досега се вакцинирани од 3000 до 3500 граѓани, информира за МИА д-р Пандели Божиков од вакциналниот пункт.

Дневно се јавуваат и по 40 до 50 граѓани да примат втора доза од Фајзер", а најмал е интересот за примање прва доза „Фајзер" односно од 20 до 30 граѓани дневно.

Вакциналниот пункт работи секој работен ден од понеделник до петок од 7 до 15 часот.