За Кина лицата кои ја поддржуваат независноста на Тајван ќе бидат казнено одговорни до крајот на животот, изјави портпаролката на Канцеларијата за Тајван, Жу Фенглијан.

Тоа е првпат Кина да спомнува конкретна казна за луѓето кои ја поддржуваат независноста на Тајван, во време кога растат тензиите помеѓу Кина и самоуправниот остров.

Канцеларијата ги именуваше тајванскиот премиер Су Ценг-чанг, претседателот на Парламентот Ју Си-кун и министерот за надворешни работи Џозеф Ву како луѓе кои „тврдоглаво ја поддржуваат независноста на Тајван".

На лицата кои ја поддржуваат независноста на Тајван нема да им се дозволи влез во Кина и во административните региони на Хонг Конг и Макао. Лицата од црната листа нема да можат да работат со субјекти или луѓе од Кина.

Тајванските политичари најмногу се потпираат на донации од компании за финансирање на нивните изборни кампањи. Бројни тајвански компании профитираат од водење бизнис со Кина.