Фотографии од златен археолошки наод во Неготинско, од денеска се презентирани на изложба во неготинскиот Музеј.
-Златниот наод се наоѓа во Археолошки музеј Скопје. Сега преку фотографии, може да биде виден и кај нас. Се работи за златни предмети пронајдени во археолошкиот локалитет Орманков гроб, во неготинското село Тремник, близу автопатот Скопје – Гевгелија. Златниот накит и монетите беа откриени во археолошко истражување во 2008 година, под раководство на кустос советник и археолог Кире Ангеловски. Вкупната тежина на златните предмети е околу еден килограм, појасни директорката Драгица Чекорова.
Активностите за презентација на фотографии од вредниот златен наод се финансирани од Министерството за култура, како проект од национален интерес.
Изложбата е подготвена и со поддршка на неготинската локална самоуправа.