Ученици од државното Музичко училиште во Битола приредија маратон на класична музика во новиот Офицески дом.
Инструменталисти од основно и средно образование заедно со своите наставници приредија богата музичка програма во акустичната сала на Офицерскиот дом, место каде некогаш настапувале врвни уметници од светот.
-Радоста и среќата на нашите ученици и наставниот кадар беше нескриена. Повеќето ученици настапуваа во живо после подолг период во кој се работеше онлајн и со концерти и натпревари што се одржуваа онлајн. Овој настан беше голем предизвик и потреба во ова тешко време за уметноста, и затоа сме благодарни на Општина Битола и раководството на ЈОУ Културно информативен центар од Битола за можноста која ни ја дадоа, информираа од Државното музичко училиште во Битола.
Музчките изведби на учениците ги следеа љубопитни посетители, добронамерници, гости и туристи за кои Офицерскиот дом е со отворени врати во чест на празникот на градот 4 Ноември.