Ученици од основното општинско училиште „Димката Ангелов – Габерот” во Кавадарци го одбележаа Денот на настава во природа во Градскиот парк.

-Учењето во природна околина овозможува развој на интегрирано учење, односно, целосно доживување на природата. Денес учениците од Еколошката патрола, под менторство на наставничката Душанка Јошева, го одбележаа светскиот ден на настава во природа – Outdoor Classroom Day, рекоа од училиштето.

Оттаму потсетија дека паркот ,,Љупчо Шкартов” во Кавадарци важи за еден од најубавите во државата.

– Покрај уживањето во природа, кавадарчани и други посетители може да ги погледнат и Спомен костурницата, како и Винскиот музеј. Може да се сретнат лица на сите возрасти, како и оние кои спортуваат или ги шетаат своите миленици, додадоа од училиштето.