На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа во периодот јануари-октомври 2021 година се регстррани 42 сообраќајни незгоди.
– Во регистрираните 42 сообраќајни незгоди со потешки последици и телесни повреди се здобиле 19 лица, додека со полесни повреди 32 лица, но загинати лица нема исто како и во споредбениот период минатата година, кога биле регистрирани 24 сообраќајни незгоди, во кои осум лица се здобиле со потешки последици и телесни повреди, а 11 со полесни повреди, изјави за МИА портпаролот на Секторот за внатрешн работи од Охрид, Стефан Димоски.
Според него, минатиот месец се случиле две сообраќајни незгоди – една во населено и една надвор од населено место, при што, едно лице било тешко повредено. Причината била неправилно престигнување и неприспособена брзина. Во октомври лани имало три сообраќајни незгоди – една во и две надвор од населено место, при што било повредено едно лице, пешак.