Поранешниот претставник на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, оцени дека американскиот претседател Џо Бајден се враќа на „старата политика” на Балканот.

Реагирајќи на изјавата на лидерот на „Алијанса ново Косово” (АКР), Беџети Пацоли, дека е жално што Стејт департментот не го поканил Косово на самитот за климата, Гренел на Твитер напиша дека американскиот претседател Џо Бајден ги отфрла Косово и Србија и се враќа на поранешната политика во регионот.

„Трамп водеше грижа за луѓето на Балканот. Тој ги отфрли политичките игри од последните 20 години и место тоа се залагаше за отворање работни места и економски развој. Бизниси, а не политика”, напиша Гренел.