Русија денеска соопшти дека не очекува напредок во преговорите со САД во следните недели околу прашања кои вклучуваат визен режим и функционирање на амбасадите.
Со оглед на тоа што меѓусебните врски се на најниско ниво од Студената војна, Москва и Вашингтон се во спор околу бројот на дипломати кои можат да ги испраќаат меѓу себе, иако Русија изрази подготвеност да ги укине ограничувањата воведени во последните години.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека при неодамнешните контакти со Вашингтон, двете страни ги повториле претходно изнесените ставови, но и дека во наредните недели ќе се одржи нова рунда преговори во третата земја.
– Нема напредок и веројатно не се очекува, изјави Рјабков, кој додаде дека следната рунда американско-руски преговори за стратешка стабилност би можела да се одржи во јануари 2022 година.