Екипата на одбојкарскиот клуб „Ускана“ Кичево ја издвојува третата првенствена победа во четвртиот натпревар есенва, кога беше совладана екипата на Теволеј од Тетово со 3-0 во сетови. Резултатот 3 -0 за домашната екипа, најдобро зборува за супериорноста на денешниот натпревар.

Домаќините беа задоволни од резултатот и играта на своите одбојкарки и го истакнаа големиот резултатски пресврт од вториот сет, кога по водството на гостинките од 10 -1 успеале овој сет да го решат во своја полза со 25-16.

-Одигравме добар натпревар и нашите млади одбојкарки покажаа голема стабилност и желба за победа и она што го направија во вториот сет и од голема негатива да направат целосен пресврт и сетот да го добијат повеќе од убедливо е за секоја пофалба. Во домашната екипа посебно би ја издвоил Милица Терзиќ , која на овој натпревар освои 18 поени, како и младата Јана Костадинова, рече Башким Мехмеди, претседател на второлигашот ОК „Ускана“.

Резултат по сетови. 25-13,25-16 и 25 -11.

Следниот меч кичевки на мегдан кај Вардар во Скопје.