Наставници и ученици од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка учествуваа на еднонеделна мобилност во Беликесир, Турција, во рамки на проектот „Нови начини на учење".
Овој проект училиштето го имплементира во рамки на Еразмус плус програмата на Европската унија, преку Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност.
-Нашите ученици Елена Станојковска и Никола Алексовски од осмо одделение, Златко Михаиловски од седмо и Евгенија Михаиловскса од шесто, заедно со мене и колешката Јасна Ѓоргиевска ја реализиравме првата ученичка мобилност во Баликесир,Турција. Темата на мобилноста беше „Ефикасна употреба на технологијата”, а учествуваа ученици и колеги од останатите партнер-училишта од следните Европски држави: Словачка, Полска, Хрватска и домаќините Турција, изјави Елена Митевска-Давидовска, професорка по англиски јазик во ООУ „Јоаким Крчовски”, координатор на проектот.
Во рамки на активностите, вклучени се претставивање на сите држави, а домаќините организирале и настап на народен танц „зеибек”.
-Учесниците организираа и посета на градоначалникот и локалната самоуправа,а се реализираше и работилница за изработка на глазура. Она што интензивно се работеше со учениците во рамки на мобилноста се рабитилниците за: "Smart board applications","Vurtual reality","3D design", а на крај изработија дигитални постери кои се прикачени на TwinSpace. Целата мобилност во потполност е финансирана од страна на Европската унија, додаде Митевска-Давидовска.
Домаќините организирале и посета на градот Ајвалик, познато туристичко место во Турција, островот Џонда како и античкиот град Ефес, каде учениците и наставниците имале прилика да го видат едно од седумте светски чуда-Храмот на Артемида.