Санирани се двете канализациски цевки поставени во река Сушица и во коритото на градската река во Кичево повторно тече чиста вода. Канализациските цевки беа оштетени при изградба на мост преку река Сушица и тоа при поставување столб за новиот мост во речното корито, потврди Зенел Јонузи, директор на ЈКП „Комуналец“.

При изградбата на столбот за новиот мост прво беше оштетена една канализациска цевка за која требаше подолг период за да биде санирана.

-Во меѓувреме во речното корито покрај чистата вода се слеваше и фекалната вода, која се излеваше од оштетената канализациска цевка.По нејзината санација, а при поставување на столбот беше оштетена и друга канализациска цевка од која последните неколку дена фекалните води истекуваа во коритото на градската река, рече Јонузи и потенцира дека и втората канализациска цевка е санирана и низ речното корито повторно протече чиста вода.

Тој информира дека градежната компанија, изведувач на мостот, ја санира и оваа канализациска цевка и од денес во коритото на градската река тече само чиста вода. Посочи дека се уште во речното корито има талог од истекувањето на фекалните води, но со првите посилни дождови и надоаѓањето на реката, овој талог се очекува да биде целосно исчистен и во градската река повторно да тече само чиста вода, без фекалии, како што беше предходно.