Претседателот на Општинска изборна комисија Росоман, Ѓорѓи Крстевски денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник и членовите на Советот на општината.

Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, кој беше кандидат на СДСМ и коалицијата, рече дека ќе се работи тимски, за реализација на проекти во интерес на сите.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добија четири, а СДСМ и коалиционите партнери, три мандати. По еден советник имаат ПОДЕМ и Левица.

Јованче Јошев, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, посака плодна работа и соработка околу проекти за подобро Росоман.

Конструктивна работа во интерес на росоманци, со реализација на најавените проекти, вети Анета Јоновска Љубенова, носител на листа од СДСМ и коалиционите партнери.

Новоизбраните се заблагодарија за довербата.