Во соработка помеѓу Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска на Економскиот факултет на Универзитетот со пригодна свеченост беше отворено Американско катче (American corner).
Како што информира УКИМ, катчето е центар за јавно информирање и активности, со цел подобрување на заемното разбирање и контакти помеѓу народите на двете држави, како ресурсен центар на студентите и наставниците од УКИМ и пошироко.
Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески на свеченоста потпишаа и Меморандум за работа на Американското катче.