Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал за „регионални конфликти“ со шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, кој минатата недела ја посети Русија, соопшти денеска Кремљ.
Според американската амбасада во Москва, посетата на Барнс, кој често е претставуван како еден од најискусните дипломати во САД, била во Русија на 2 и 3 ноември на барање на претседателот Џо Бајден.
Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен тогаш објави дека Барнс бил испратен во Русија за да ја предупреди земјата за какво било засилување на војската во близина на границата со Украина. Телевизијата додаде дека Бернс имал телефонски разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во рамки на посетата имаше телефонски разговор меѓу Путин и Бернс“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тие разговарале за билатералните односи, дипломатската криза и размениле мислења за регионалните конфликти.