Околу 3.000 лица, вклучувајќи и неколку десетици мотоциклисти, од кои повеќето не носеа маски, продефилираа низ центарот на Велингтон, упатувајќи се до Парламентот на Нов Зеланд.

Неколку илјади лица се собраа денеска во Велингтон на протест против мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот, а во градот е забележливо присуството на зголемен број полицајци поради протестите на улиците.

Околу 3.000 лица, вклучувајќи и неколку десетици мотоциклисти, од кои повеќето не носеа маски, продефилираа низ центарот на Велингтон, упатувајќи се до Парламентот на Нов Зеланд.

Некои учесници носеа знамиња „Трамп 2020", како и транспаренти против премиерката Јасинда Ардерн .

Протестот мина мирно, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека немало апсења во Велингтон, иако изразија разочарување што многу од демонстрантите ги прекршија мерките против епидемијата на коронавирус.

Новозеландската премиерка кажа дека мнозинството граѓани ги поддржуваат мерките против коронавирусот и додаде дека речиси 90 отсто од населението примиле барем една доза од вакцината.

-Тоа што денеска го видовме не ја претставува позицијата на огромното мнозинство Новозеланѓани, рече премиерката Ардерн.

Новозеланската Влада пред повеќе месеци воведе строги мерки, како што се карантин и затворање на границите. Во земјата, со население од околу пет милиони, од почетокот на пандемијата од Ковид-19 умреа само 31 пациент.