Крадци украле 541 килограм кокаин во вредност од околу 13 милиони долари од полицијата во Јужна Африка.
Дрогата се наоѓала во канцеларијата на специјалната единица Хокс во градот Порт Шепстон во источната провинција КваЗулу-Натал, соопшти денеска полицијата.
Крадците во објектот влегле преку прозорец, а потоа успеале да упаднат во зајакнатите кабинети каде се чувала запленетата дрога.
Јужна Африка игра важна улога како транзитна земја за илегална трговија со латиноамерикански кокаин, особено за натамошен транспорт кон Австралија, Европа и Хонг Конг.