Непознат напаѓач денеска отвори оган во Осло, а полицијата се наоѓа на местото на инцидентот и е во тек потрагата по напаѓачот.

Поради заканата во моментов се блокирани улиците на Осло, а полицијата соопшти дека дошло до судир меѓу нејзини членови и засега непознат напаѓач.

Се слушаат истрели од двете страни, но се уште нема информации за евентуални жртви или повредени.