Маж вооружен со нож денеска нападнал случајни минувачи на улиците на норвешката престолнина Осло, пред полицијата да го убие, соопштија официјални лица.

Норвешките медиуми прикажаа видео од наводниот напаѓач, кој гол од половината нагоре е со ножот в рака.

Американските медиуми ја цитираат полицијата од Осло која само соопшти дека има „повеќе од една жртва“ и не даде други информации за нивната состојба.

Полицијата соопшти дека патролно возило во населбата Бислет, северно од Осло, влегло во зграда за да го спречи бегството на напаѓачот.

-Тој потоа го нападна возилото и успеа да ја отвори вратата од автомобилот, изјави портпаролот на полицијата Торгеир Бренден.

Портпаролот кажа дека кон мажот биле испукани „неколку истрели“, но не прецизираше дали полицијата отворила оган во автомобилот.

Бренден додаде дека сторителот бил итно пренесен во блиската болница каде што починал.

Минатиот месец маж вооружен со лак и стрела и нож уби пет лица во мал град југозападно од Осло.