Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов добил позитивен резултат на PCR-тестот за Ковид-19 што го направил во кочанскиот Центар за јавно здравје.
Во текот на денот, на негово барање му бил направен амбулантски преглед, откако се посомневал за здравствената состојба по претходниот позитивен резултат од брзиот антигенски тест. Подоцна му е извршено снимање на томографот во штипскиот ковид центар, но не е задржан на болничко лекување.
Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврди дека се чувстува добро, без видливи симптоми на Ковид-19, иако и двата теста го потврдиле присуството на коронавирусот.
Папазов вчера ја презеде градоначалничката функција, но од денесека е на боледување и работните обврски ќе ги координира од домашна изолација.
Во неделата пак му се слоши на прес конференција на која присуствуваше пред седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ а Претседателот на партијата Христијан Мицкоски објави слика со него со која и соопшти на јавноста дека е се во ред со неговата здравствена состојба.