Во 30-минутно телевизиско обраќање, шефот на француската држава најави нови здравствени мерки, но притоа ги бранеше своите економски и социјални постигнувања од изминатите четири и пол години минати на власт.
Францускиот претседател за да го спречи петтиот бран на Ковид-19, што веројатно ќе ги избрише напорите направени по повеќе од една и пол година борба против пандемијата, непосредно пред претседателските избори на 10 и 24 април 2022 година, на кои сигурно ќе го стави во влог неговиот реизбор, најави нови мерки.
Првата е условување на здравствената пропусница со трета доза вакцина за сите кои се на возраст од 65 години, почнувајќи од 15 декември.
Во Франција нема да има враќање на ограничувачките мерки, со затворање или полициски час, но ќе се зголемат контролите на баровите, спортските сали за да се избегне затворањето. Лицата на возраст од 50-64 години ќе бидат повикани да примат трета доза вакцина на „почетокот на декември“.
Во текот на ноќта Министерството за образование најави повторно задолжително носење на заштитните маски во сите училишта на Франција од идниот понеделник.
Покрај здравствените мерки, меѓу кои и употребата на здравствената пропусница до 31 јули, шот вчера беше потврдена и од Државниот совет (Врховниот Управен суд), Макрон во говорот синоќа најави и неколку економски и социјални потези.