Општина Велес синоќа организираше атлетска трка околу Општинското основно училиште „Васил Главинов“ по повод 9 Ноември, Денот на Велес и 77 години од ослободувањето на градот.
На трката имаше околу 300 учесници, кои трчаа на 5 и на 10 километри, меѓу кои имаше граѓани и атлетичари од цела држава од сите возрасти, а учествуваше и градоначалникот на Велес, Марко Колев.
– Атлетската трка беше од хуман карактер, а собраните средства од котизација на учесниците ќе бидат доделени на социјално ранливи семејства преку Општинската организација на Црвен крст – информира Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.
Организаторот најави дека планираат оваа атлетска трката да стане традиционална. Инаку, пред повеќе од десетина година Општина Велес по повод 9 Ноември организираше ноќна трка по улиците на Велес.