Жешка лава повторно утринава се излеаја во Атлантскиот Океан кај шпанскиот остров Ла Палма, подигајќи облаци од бел чад.

Река од стопени карпи од вулканот Кумбре Вијеха, кој еруптираше кон средината на септември, стигна до водата во близина на популарното место за сурфање на плажата Лос Гирес, се наведува во соопштението на шпанското Министерство за транспорт.

За разлика од пред нешто повеќе од еден месец, кога лавата првпат стигна до океанот, властите сега соопштија дека нема потреба жителите да останат затворени во своите домови.

– НОВИ ЗАТВОРАЊА НЕ СЕ НЕОПХОДНИ БИДЕЈЌИ НАСЕЛЕНИЕТО Е ДАЛЕКУ ОД ТОЧКАТА НА КОНТАКТ СО МОРЕТО, ИЗЈАВИ ПОРТПАРОЛ НА СЛУЖБАТА ЗА ИТНИ СЛУЧАИ.

Малку луѓе живеат во погодената област, а тука главно има и плантажи со банани.