Триото „Балкан aшк“ (Балканска љубов) во состав Ерхан Шукри – виолина, Анеса Зајази – виолончело и Мерсиха Шукри – харфа вечерва ќе одржи концерт во Истанбул.

На програмата се дела од Глинка, Бах, Хенсон, Сен Санс, Ловленд, Маскањи, Шостакович и Атакоглу.

Концертот почнува во 18 часот во Македонскиот културен центар во Истанбул.