Пред гевгелиската музичка публика со концерт вечер ќе се претстави познатото дуо што го сочинуваат Љубиша Кировски на виолина и виола и Маја Шутевска Кировска на пијано кои најавија изведба на дела од Виетан, Бете Илин, Сај и Фролов.

Богатиот репертоар на дуото Кировски опфаќа повеќе од 50 сонати за виолина и пијано кои од формирањето во 1993 година па наваму, се изведувани на бројни настапи во земјава и странство. Посебно го негува македонското музичко творештво и редовно изведува дела од наши композитори од кои голем број се посветени на дуото.

Добитници се на многу признанија и награди меѓу кои и „Виртуози“ за најдобар камерен ансамбл во земјата и наградата „Георги Божиков“ за континуирана изведба на дела од домашни композитори.

Концерот ќе се одржи во салата на Народниот театар во Гевгелија со почеток во 18 часот.