Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес направи увид во асфалтирање на улиците во населеното место Булачани.
На официјалната страна на фејсбук градоначалникот Стефковски напиша:
"Граѓаните на Булачани добиваат асфалтирани улици. Граѓаните од улица 5 и сите нејзини краци повеќе нема да газат во кал. Пред изборите на граѓаните од Булачани им ветив дека во првиот месец од мандатот ќе се асфалтираат улиците и тоа денес станува реалност. Промените во Гази Баба се случуваат. Гази Баба се гради и менува!"