Средношколката Сара Маневска се пласираше на Светска Олимпијада за геонауки 2022 година што ќе се одржи во Кина. Маневска оствари пласман како второрангирана во тимот ученици кои го полагале селективниот натпревар на ПМФ, Скопје.

-За учество на овој значаен натпревар од светски ранг, Меѓународната научна олимпијада (IESO) 2022, која се планира да се одржи во Кина, се одржа селективен натпревар по предметот географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На државниот натпревар во организација на Македонското географско друштво, првото место го освои Мартина Јовановска, второто Сара Маневска. Од вкупно девет пласирани учесници од нашата држава, нашите ученички постигнаа високи резултати. Сара Маневска со освоени 85 поени, како второпласирана влезе во тимот од четворица ученици кои ќе ја претставуваат нашата држава на Олимпијадата во Кина, информира менторката на ученичките, Биљана Крстевска, професор по географија во СОУ „Митко Пенџуклиски” – Кратово.

Македонското географско друштво учествува на оваа Олимпијада од 2019 година, која се одржува редовно од 2007 година.