Велика Британија го опиша како „неприфатлив“ бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да го преминат Ла Манш од Франција, откако објави рекордни обиди за премин во последните 24 часа.
– „Британската јавност е уморна да гледа како луѓе умираат во Ла Манш додека немилосрдните криминални банди имаат корист од нивната несреќа, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
Како што пренесува Бгнес, тој додаде дека планираните измени на законите за имиграција „ќе го поправат нарушениот систем“.